Македонија
2. February 2016 - 17:44

Прегазено дете кај „Сити Мол“

Две лица се повредени во сообраќајката што се случи на пешачкиот премин на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар „Сити мол“.
 
Во сообраќајката учествувале мотоцикл и пешак. Според очевидци, се работи за дете, пишува Република.
 
И двајцата со возила на Брза помош се пренесени на скопските клиники. Се уште нема детали за степенот на повреди.
 
Полицијата се уште врши увид на местото на настанот.
 
ФОТО: Република