Македонија
27. April 2017 - 12:05

Прегазено 7 годишно девојче

Седумгодишно девојче е полесно повредено во сообраќајна несреќа која вчера попладне околу 16 часот, на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане.

-Патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал 59-годишниот А.Ш. од Камењане, налетало и удрило во 7-годишно девојче ( пешак) од ова село. Повреденото девојче со друго возило пренесено е во тетовската клиничка болница, укажана му е помош и пуштено е на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.

Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на несреќата.