Македонија
13. јуни 2019 - 18:15

Прегазено 7-годишно дете во Штип додека возело велосипед

Вчера во 09.35 часот на улица „Лески“ во Штип, патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(68) од Штип, удрило во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Штип.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.