Македонија
15. April 2019 - 10:18

Прегазено 6-годишно дете во Прилеп, со тешки телесни повреди згрижено во болница

Вчера во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.