Македонија
8. јуни 2019 - 12:35

Прегазено 14- годишно девојче на Партизанска - возачот побегнал

Синоќа во 18 часот и 20 минути во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански одреди“ возило удрило во пешак.

Според пријавеното 14 годишна малолетничка од Скопје,  се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а возилото го напуштило местото на настанот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.