Македонија
18. November 2016 - 20:35

Прегазено 11-годишно дете

Патнички автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки попладнево во Кавадарци удри во дете - пешак на возраст од 11 години, соопшти полицијата.
 
Несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Пионерска" во близина на основното уќилиште „Тоде Хаџи Тефов".
 
- Денес околу 14:30 часот на улицата „Пионерска" во непосредна близина на ООУ „Тоде Хаџи Тефов" во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која патнички автомобил „рено“ удри во дете-пешак на возраст од 11 години, информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
 
Увид на местото на несреќата изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.