Македонија
27. March 2018 - 10:51

Прегазено 10-годишно дете во Скопје

Несреќа во Скопје, прегазено 10-годишно дете. Според информациите на МВР, вчера во 07:50 часот на улицата „Борис Сарафов“ патничко моторно возило „Мазда“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.Ј. (40) од с.Шишево-скопско удрило во 10 годишно дете-пешак.

По незгодата со истото возило пешакот бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.