Прегазени две момчиња, возачот избегал од местото на несреќата | Сител Телевизија
Македонија
16. May 2018 - 14:49

Прегазени две момчиња, возачот избегал од местото на несреќата

Две млади момчиња прегазени на пешачки премин во Тетово, возачот  избегал од местото на несреќата. Како  што информираат од МВР, вчера  околу 17.30 часот на пешачки премин на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки удрило во пешаците А.Д.(22) од село Џепчиште, тетовско, и Б.Т.( 22 ) од село Гајре, тетовско, по што го напуштил местото на настанот. Притоа, пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.