Македонија
26. September 2018 - 11:11

Прегазени двајца пешаци во Скопје

Вчера во 07.40 часот на улица „Скупи“ во Скопје товарно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(50) од Скопје, удрило во пешакот Н.М.(35) од с.Радуша, скопско. Н.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 11.50 часот на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(42) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(66) од Скопје.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.