Македонија
11. July 2018 - 11:59

Прегазена жена во Велес, возачот избегал од местото на несреќата

Прегазен пешак на велешките улици, возачот избегал. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 15,10 во Велес на крстосницата од улицата „АСНОМ“ и улицата „Алексо Демниевски“ патничко моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, удрило во пешакот Ц.Ќ.(77) од Велес. На Ц.Ќ. и е укажана помош во Јавната здравствена установа во Велес, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.