Македонија
12. December 2018 - 11:55

Прегазена жена во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Прегазена 83-годишна жена на скопските улици. Според информациите на полицијата, вчера  во 12.00 часот во Скопје на улица „Козара“ непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач (кое го напуштило местото на настанот), удрило во пешакот Л.Т.(83) од Скопје. Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди и укажана и е лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.