Македонија
22. February 2020 - 12:36

Прегазена жена во Кавадарци

Вчера околу 09.00 часот на крстосница помеѓу ул.„ Пионерска“, ул.„Ресавска“ и ул.Народен Фронт во Кавадарци непознато возило, управувано од сзасега неидентификуван возач удрило во пешак А.С.(73) од Кавадарци.

Во незгодата А.С. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.