Македонија
9. October 2020 - 16:51

Прегазена жена на возраст од 45 години

На 09.10.2020 во 06.27 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во с.Кадрифаково, светиниколско, патничко возило „форд фокус“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(43) од с.Ерџелија, светиниколско, удрило во пешакот С.П.(45) од с.Кадрифаково.

Во незгодата, С.П. се здобила со повреди и починала на местото на незгодата.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Свети Николе во координација со Јавен обвинител.