Македонија
1. February 2019 - 10:15

Прегазена жена на раскрсница во Скопје

Вчера во 09,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „12-та Македонска Бригада“ со улицата „Димитар Туриманџовски“ патничко моторно возило „Фолксваген венто“ со кумановски регистерски таблици управувано од Д.С.(35) од с.Лопате-кумановско, удрило во пешакот О.Ц.(41) од Скопје.

О.Ц. била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.