Македонија
16. October 2018 - 11:30

Прегазена жена на „Партизанска“, се здобила со тешки повреди

Вчера во 13.50 часот на булевар „Партизански oдреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која З.С.(47) од Тетово, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот И.П.(67) од Скопје.

Од ударот со повреди се здобила И.П., која со друго возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.