Македонија
8. December 2019 - 11:38

Прегазена жена (40) на „Илинденска“, возачот побегнал

Вчера во 07.30 часот во близина на крстосницата од ул.„Бледски договор“ и бул.„Илинден“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, удрило во пешакот М.А.(40) од Скопје, по што го напуштило местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.А. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид бил извршен и се преземат мерки за расчистување на случајот.