Македонија
30. October 2018 - 10:55

Прегазена тинејџерка на раскрсница во Штип

Вчера во 17,10 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата од улицата „Гоце Делчев“ и улицата „Вељко Влаховиќ“ патничко моторно возило “Ауди А4“ со штипски регистерски таблици управувано од Т.Н. (51) од Штип удрило во пешакот А.Ј.(18) од с.Соколарци. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.