Македонија
2. November 2018 - 11:07

Прегазена тинејџерка (18) во Ѓорче Петров

Вчера во 18.30 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, Ј.Ј.(51) од село Горно Јаболчиште, велешко, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“, со велешки регистарски ознаки, удрил во пешакот Х.Ш.(18) од Скопје.

По незгодата, со возило на брза помош, Х.Ш. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Извршен е увид на местото на настанот.