Македонија
22. November 2018 - 10:19

Прегазена старица во Скопје

Вчера во 07,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Кемал Сејфула“ патничко моторно возило „Мерцедес вито“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.Б.(48) од с.Грчец-скопско удрило во пешак Ж.Ш.(73) од Скопје.

Ж.Ш. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.