Македонија
7. October 2018 - 10:52

Прегазена старица во Куманово

Вчера во Куманово, на улица „11 Ноември“ Б.М.(20) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „Форд мондео“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак Х.Р.(73) од Куманово.

Во незгодата Х.Р. се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во Општа болница Куманово е префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.