Македонија
7. May 2019 - 15:13

Прегазена мајка со дете кај Трубарево

Во 17.20 часот на регионалниот пат Скопје-Велес, кај селото Трубарево, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот А.А. од селото Огњанци, скопско, удрило во пешак.

Се работи за 34-годишната С.В. од Скопје и нејзината малолетна ќерка.

Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а девојчето се здобило со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.