Македонија
6. March 2017 - 9:55

Прегазена девојка во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Дваесет и осум годишната Х.Р. од Волково е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на булеварот „Никола Карев“.
 
Од МВР денес информираат дека во девојката пешак удрил автомобил „Лексус“ кој го управувал Б.Х. (21).
 
Возачот по ударот ја земал Х.Р. во возилото и ја однел во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување.