Прегазена 50-годишна велешанка: Пренесена во болница со нагмечување на главата и скршено ребро
Во СВР Велес вчера во 10:40 часот било пријавено дека на ул.„Благоја Ѓорев“ во Велес, патничко моторно возило „шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот велешанец Б.П. удрило во пешакот 50-годишната О.Г. од Велес, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Во незгодата О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Велес, информира Додевски.
Портпаролката на ЈЗУ Општа болница, д-р Елеонора Јованова изјави дека пациентка на 50-годишна возраст била донесена на одделот за хирургија, повредена во сообраќајна несреќа како пешак, се здобила со нагмечување на главата и скршеница на ребро.
– Направени се потребни испитувања и пациентката е пуштена на домашно лекување, додаде д-р Јованова.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс