Македонија
4. December 2019 - 21:30

Прегазена 17-годишна тинејџерка во Кочани

Во 20.50 часот вчера било пријавено дека во Кочани, на улицата „Тодосија Паунов“, патничко моторно возило „ауди КУ7“, со бугарски национални ознаки, управувано од 28-годишниот Б.Ц. од Кочани, удрило во 17-годишен пешак од Кочани.

Се работи за 17-годишна тинејџерка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило прегазеното девојче по што било пренесено во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.