Македонија
7. November 2018 - 10:57

Прегазен велосипедист на патот Куманово - Свети Николе, починал на самото место

Вчера колу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско.

Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.