Македонија
4. October 2015 - 20:20

Прегазен велосипедист кај Зоолошка

На булеварот Илинден во Скопје се случи сообраќајна несреќа , пред Зоолошката градина, во која автомобил удрил во велосипедистка. 
 
Во несреќата е повредено девојче кое го возело велосипедот, а според првичните информации девојчето веднаш било пренесено во Ургентниот центар.
 
Според информациите кои 24 Вести ги доби од Ургентниот центар, девојчето е надвор од животна опасност, има потрес на мозокот и е префрлено на Одделот за неврохирургија.
 
Пред две недели на истиот булевар, на оддалеченост од половина километар се случи уште една сообраќајка во која загина 13-годишен велосипедист.
 
Во последните месеци во Скопје се случија повеќе сообраќајки во кои настрадаа велосипедисти.