Македонија
20. May 2019 - 15:27

Прегазен работник на комунално претпријатие во Боговиње

 Работник во комунално претпријатие на 40 години бил прегазен од 55-годишен колега, двајцата вработени во општина Боговиње. Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на локалниот пат што минува низ селото Пирок.

– Во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавена е сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случила на локалниот пат во тетовското село Пирок. Товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблици, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Боговиње, што го управувал 55-годишниот А.Ф. од Боговиње, движејќи се наназад, удрило во 40-годишниот О.М. од истото село, вработен во ЈКП„Шари“. Од удирањето, О.М. добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

По настанот Јавниот обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид. Истрагата продолжува и со други мерки за целосно расчистување на сите поединости поврзани со несреќата.