Македонија
7. October 2017 - 11:50

Прегазен пешак во Велес, со тешки повреди задржан во болница

Вчера околу 12,00 часот во Велес на ул.„Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „Фургон Фиат Добло-Карго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р. Д. (38) од Велес, удрило во пешакот Ј. Ј. (63) од Велес. 

По незгодата пешакот е пренесен во Јавната здравствена установа -Велес, каде од страна на лекар е констатирана тешка телесна повреда (фрактура на десен колк) и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи од Велес.