Македонија
3. January 2019 - 10:07

Прегазен пешак во тетовско

Автомобил марка Сеат Леон удри во пешак. Како што информираат од полицијата, вчера  во 17,10 часот на регионалниот пат Тетово - село Пирок, поточно во село Голема Речица, Р.Е.(45) од село Мала Речица, тетовско, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А.(73) од село Голема Речица. По незгодата , пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Тетово и по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.