Македонија
27. May 2019 - 11:53

Прегазен пешак во Слупчане - итно пренесен во болница

Во 21.40 часот на локалниот пат во селото Слупчане, општина Липково, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Ќ.Р. од селото Ваксинце, удрило во пешак.

Се работи за 51-годишниот М.И. од селото Слупчане. Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.