Македонија
27. April 2018 - 10:15

Прегазен пешак во Скопје

Синоќа во 22.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „Цветан Димов“ и бул. „Никола Карев“ патничко возило „Ланчиа“ со скопски регистарски таблици, управувано од С.П. (52) од Скопје удрило во пешак Ш.Д. (58) од Скопје.

Од ударот со повреди се здобил пешакот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.