Македонија
12. February 2018 - 15:07

Прегазен пешак во Скопје

Во саботата се случила уште една несреќа на скопските улици. Како што информира МВР, во саботата  во 19 часот било пријавено дека на ул. „Божидар Аџија“ во Скопје патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (49) од Скопје, удрило во пешак В.Ц. (57) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобила пешакот В.Ц. која со истото возило била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.