Македонија
8. September 2016 - 13:06

Прегазен пешак во Скопје

На 07.09.2016 година во 07.50 часот во Скопје на бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна незгода во која С.А., управувајќи ПМВ „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.Ј. (83) од Скопје. З.Ј. е префрлен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лев колк и десен скочен зглоб), и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.