Македонија
22. December 2016 - 14:04

Прегазен пешак во Прилеп, почина во болница

Вчера во 16.15 часот во Прилеп, на ул. „Александар Македонски“, Ј.М. (57) од Прилеп, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Д. (61) од Прилеп.
 
Во сообраќајната незгода пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде во 17.00 часот им подлегнал на повредите.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.