Македонија
11. December 2019 - 10:35

Прегазен пешак во Куманово

Синоќа во 20.30 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово товарно возило „опел вивара“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(31) од с.Опае-општина Липково, удрило во пешак Г.А.(21) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.