-->
-->
Прегазен пешак во Куманово, задржан во болница
-->
Прегзен маж на возраст од 48 години, возачот избегал од местот на несреќата. Како што информира полицијата, вчера околу 20,10 часот во Куманово на улица „Тоде Мендол“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот А.И.(48) од Куманово, по што непознатото лице со возилото го напуштило местото на настанот.
По незгодата пешакот А.И. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот