Македонија
1. December 2018 - 11:36

Прегазен пешак починал на лице место во Македонска Каменица

Вчера во 15.40 часот на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. А.Б. починал на местото на настанот. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.