Македонија
26. March 2016 - 13:25

Прегазен пешак на „Партизанска“, повреден и мотоциклистот

Вчера  околу 12,15 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“, случена е сообраќајна незгода помеѓу моторцикл управуван од Д.Ч. и пешак Т.Н.(85).

Двете лица се здобиле со тешки телесни и биле пренесени во Ургентниот Центар -Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам/Фејсбук