-->
-->
Прегазен пешак кај село Гиновце, возачот побегнал од местото на несреќата
-->
На магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце кај село Гиновце, синоќа непознато лице управувајќи патничко моторно возило удрило во пешак нанесувајќи му тешки телесни повреди, по што го напуштил местото на несреќата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 19 часот и 5 минути, кога непознато возило управувано од непознат сторител кај место викано „Бентомачки пат“ удрило во пешак, 60-годишниот Д.Н., жител на село Гиновце, кој се движел во истата насока. Пешакот, роден 1957 година, во незгодата се здобил со тешки телесни повреди во пределот на главата, а екипа на Итна медицинска помош го префрлила во Здравствен дом, Крива Паланка. Поради сериозноста на повредите, како што информираат од МВР, бил префрлен во Клинички центар, Скопје.
Увид извршила екипа на Полоциска станица од општа надлежност, Крива Паланка, а МВР работи на утврдување на причините за несреќата. Полицијата се уште трага по сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација