Македонија
10. December 2018 - 10:37

Прегазен пешак итно пренесен на Клиника, возачот побегнал

На 09.12.2018 година во 09,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од комплекс клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено лицето К.К.(61).

Според пријавеното, на 06.12.2018 година околу 13,00 часот во населба Илинден, возило удрило во велосипед управуван од К.К. по што возилото и возачот го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.