Македонија
14. April 2016 - 12:54

Прегазен млад мотоциклист во Гевгелија, се бори за живот на Ургентен

Денеска околу 11.15 часот во Гевгелија, на раскрсницата од улиците „Петар Мусев“ и „Маршал Тито“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А-4“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (49) од Гевгелија и моторцикл „Хамачи 250“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Г. (22) од Гевгелија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Г., кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар-Гевгелија, поради сериозноста на здобиените повреди во пределот на главата, бил пренесен во Ургентен центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гевгелија.