Македонија
24. August 2018 - 10:19

Прегазен маж во Тетово

Прегазен пешак во тетово, повредениот веднаш бил пренесен во болница. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 17.30 часот на ул.„29 Ноември “ во Тетово, засега непознато патничко возило удрило во пешакот Ј.Д.(66) од Тетово и веднаш го напуштило местото.                     

 Од ударот Ј.Д. се здобил тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.