Македонија
2. September 2018 - 11:02

Прегазен маж во Скопје

Вчера во 08:00 часот на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од С.К.(60) од Скопје удрило во пешакот Р.М.(67) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен бил увид, се работи на целосно расчистување на случајот.