Македонија
12. March 2018 - 9:18

Прегазен маж кај Куклиш, возачот побегнал

 На регионалниот пат Струмица-Банско, на излезот од селото Куклиш синоќа во 21 часот и 20 минути од засега непознато возило е прегазен маж. 

По несреќата возачот веднаш побегнал, а прегазениот маж починал на местото на несреќата.

Жители на селото Куклиш потврдуваат дека нивниот соселанец Г.С. (61) починал веднаш од здобиените повреди, а телото било однесено на обдукција во Скопје.

Од струмичката полиција ја потврдија несреќата, а со повеќе детали ќе излезат во текот на денот