Македонија
7. August 2015 - 13:11

Прегазен 70 годишен пешак во Скопје

Од повреди здобиени од удар од товарно моторно возило денеска претпладне во Скопје почина 70 годишен пешак. 

Според МВР, околу 7 часот изутрината на бул.„Борис Трајковски“  се случила сообраќајна незгода во која што товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистерски таблици удрило во пешакот Живојин К.(70) од Скопје. Пренесен е во Ургентниот центар за укажување лекарска помош, но по кратко време им подлегнал на повредите.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.