Балкан
11. September 2016 - 8:40

Предвремени парламентарни избори во Хрватска

Во Хрватска денеска ќе бидат спроведени предвремени парламентарни избори, кои според последните анкети, многу тешко ќе донесат промени на хрватската политичка сцена.

Десната коалициска влада на Храватска, водeна од премиерот Тихомир Орешковиќ падна по само шест месеци раководење со државата и беше парализиранa од внатрешни меѓупартиски контрадикторности меѓу коалиционите партнери Хрватска демократска заедница и Мост.

На денешните избори 3,7 милиони хрвати со право на глас ќе избираат 151 пратеник.

Гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот по локално време и ќе бидат затворени 12 часа покасно. Официјалните резултати се очекуваат не порано од понеделник.

Според последната анкета на коалицијата водена од Сицијалдемократсктаа партија на Зоран Милановиќ, има поддршка од 34,5 проценти од гласачите, а коалицијата околу конзервативната поартија Хрватска демократска заедница има поддршка од 27,2 проценти од гласачите. На трето место е Мост со 8,8 отсто поддршка при изборен праг од 5 процетни.