Предвидувањето на Нострадамус станува вистина: Вака познатиот пророк го најави почетокот на Третата светска војна

Еден од најпознатите и најчесто зборувани пророци, Нострадамус, предвидел дека Третата светска војна ќе започне на Блискиот исток.
Најновите случувања во светот на неговите предвидувања му даваат сосема логичен момент.
Имено, светските медиуми под ознаката „итно“ информираат дека во наредните 72 часа се очекува напад на американските сили на Сирија. Русите пак, недвосмислено ставија до знаење дека во тој случај жестоко ќе одговорат.
По актуелните случувања во Сирија, многумина се присетија на зборовите на пророкот кој наводно предвидел дека најголемиот судир во историјата на човештвото ќе започна на Блискиот исток.
-Војната ќе започне меѓу две големи светски сили и ќе трае 27 години. Моментот на големо насилство ќе се совпадне со појава на комета на небото. Тероризмот и природните катастрофи ќе ја уништат нашата планета додека гигантски планети не се доближат до Земјата, рекол Нострадамус.
Ова предвидување се толкува како визија за избувнување на војна меѓу Русија и САД, вклучително и нивните сојузници. Некои толкувања велат дека војната ќе избие на подрачјето на Франција по терористички напади и инвазијата на Арапи и муслимани во Европа.
За постаниот француски пророк се смета дека предвидел голем број светски случувања, како големиот пожар во Лондон, Наполеон и Адолф Хитлер, па се до нападот на 11 септември на Светскиот трговски центар.
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
