Живот
5. December 2015 - 14:54

Предупредување за сите жени со силиконски гради, може да ви се случи ова

Ана Зигенхорн од Флорида почнала во 2011 година од непознати причини да се дебелее, а нејзиниот живот набрзо се претворил во пекол. Лекарите не можеле да ја откријат причината за болеста се додека не го отвориле градниот кош на пациентката и не затекнале мула.

Зигенхорн почнала да го губи видот, да чувствува болку по телото, а и се појавувале и разни рани. Осум месеци не можела да зборува. Наместо тоа куцача пораки и пишувала на табличка.

Доктор Сузан Колб, автор на книгата “The Naked Truth About Breast Implants” (Голата вистина за имплантите за гради) укажа дека здравствената состојба на пациентките може да се наруши поради мувлата околу силиконските импланти. Штом се отстранат имплантите, симптомите почнуваат да се повлечат.

Пациентка и ден денеска ја чува снимката на својот телефон на која е покажано што имало во нејзиното тело. Таа верува дека содржината на импланите во кои имало и мувла со години се изливало во нејзиното тело.

Foto: sxc.hu/Lisapizza

Ова не е единствен случај од овој вид. Пола Блејд од Кентаки тврди дека доживеала слично сценариот. И додека портпарлот на упавата за храна и лекови наведува дека досега немало слични жалби во врска со имплантите, истакнува дека повремено тие треба да се променат.

Од друга страна, доктор Колг тврди дека до сега излечила илјадници пациентки кои боледувале од истиот тип на болест и им препорачува на жените да ги менуваат имплантите на секои 8 до 15 години.