Живот
19. July 2018 - 10:14

Предупредување од небо: Гром удри во црква стара 186 години и ја запали камбаната

Молња удри во 186 години стара црква во градот Боу и ја запали камбаната кога областа во Њу Хемпшир каде се наоѓа овој верски објект го погоди силно невреме.

Персоналот од домот за стари лица кој се наоѓа во соседството, повика пожарникари кога слушна силен тресон, а потоа здогледа молњи и пламени како излегуваат од кулата.

За среќа, црквата во моментот на ударот била празна.

Ја гасеа 60 пожарникари од 12 градови и им требало 40 минути за да го изгасат пожарот и да ја спасат самата црква.

Инаку, во силната бура поплавени се повеќе патишта и згради во Њу Хемпшир.