Македонија
18. јуни 2019 - 16:21

Предупредувачки протест поради долга реконструкција на мостот на Серава

Предупредувачки протест на фирмите од индустриската зона Визбегово. Се жалат дека нивниот бизнис трпи штети поради бавните градежни активности што се изведуваат на мостот на реката Серава. Во знак на револт тие ја блокираа Јадранската Магистрала. Бараат од градот што поскоро да обезбеди непречен сообраќај.

Поради реконструкцијата на мостот, сообраќајот таму се одвива само во една лента со наизменично движење на возилата. За компаниите од зоната тоа претставува сериозна пречка за нивното тековно работење.

Од Град Скопје апелираат за разбирање додека траат градежните активности, бидејќи реконструкцијата има за цел да ја зголеми безбедноста на магистралниот пат, кој што е врска со Косово.

“Важно е да се напомене дека по бетонирањето е потребно време за таканаречено “созревање” на бетонот, односно постигнување на неговата цврстина. Тој процес, според важечките прописи и стандарди трае 28 дена, додека бетонот не ја достигне бараната цврстина.
Рокот за изведба на оваа реконструкција согласно со договорот и проектната документација е два месеци, односно до 02.07.2019 година”, пишува во соопштението од Град Скопје.

Со посебниот сообраќаен режим поради реконструкцијата на мостот засегнати се околу 300 компании и неколку илјади вработени.